Вардар со пораз ја отвори новата сезона во СЕХА лигата откако на домашен терен беше совладан Нексе со 24:25.
Имаше шанси Вардар за реми, Моралес во последниот напад промаши за изедначување. Мартин Томовски запиша шест одбрани, а Дибиров и Моралес со по пет гола беа најфикасни кај Вардар. Мелиќ постигна шест гола кај гостите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нексе доминираше на почетокот на првото полувреме и без проблеми ја одржуваше предноста од три гола, а во еден момент стигна и до плус четири (7:11). До крајот на првиот дел Вардар почна да игра нешто подобро и на полувреме замина со два гола негатива 11:13.
Влезе Вардар во серија со почетокот на второто полувреме, па во 37. минута вардарци водеа со 16:14, за потоа Нексе да изедначи на 16:16. Се влезе во неизвесна завршница во која се играше гол за гол.
На крајот гостите беа повеќе присебни во завршницата и си заминаа со победа.