Tимот на Вардар ќе игра ново финале во СЕХА лигата!
Македонскиот шампион го совлада организаторот на Ф4 турниорот Мешков – Брест со 25:23. Сега Вардар има шанси да стане првиот клуб во историјата на ова натпреварување кој трофејот го освојувал три години во низа.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Најмногу во оваа важна победа на Вардар се истакнаа голманот Милосаваљев кој забележи 15 интервенции. Стоилов одигра перфкетен натпревар без промашување (7/7), зад Столе следуваше Кристопанс со пет гола.
Вардар од самиот старт ја наметна својата игра и сигурно чекореше кон победата Милосваљев во првите 30 минути запиша осум одбрани додека Вардар на полувреме замина со 14:10.
Безбедното водство Вардар го имаше се до 37-та минута, но тогаш следуваа неколку грешки во нашиот табор и му дозволивме на Мешков во 44-тата минута да изедначи на 17:17. Две минути подоцна црвено-црните имаа и негатива од еден разлика (18:19).
Меѓутоа за наша среќа следуваа минути во кои Вардар се врати во ритам. Карачиќ на осум минтуи пред крајот постигна многу важен гол за 22:21, а набрзо потоа Шишкарев веројатно на празна мрежа го постигна клучниот гол за 23:21.
Во продолжени Вардар искусно ја задржа предноста и не дозволи изненадување.
Во финалето Вардар ќе игра против тимот на Загреб.