Седма последователна победа за екипата на ЖРК Вардар, на мечевите од регионалната лига. Овие денови во С.Ц. Јане Сандански ќе се одигра четвртиот регионален турнир, по кој ќе биде познат шамионот на ова натпреварување, а нема веќе дилеми дека тоа повторно ќе биде Вардар, со оглед дека досега собра најмногу бодови.

Сепак синоќешниот  дуел не се одвиваше баш онака како што сите посакувавме и очекувавме за Македонскиот шампион. Во најголем дел од натпреварот, екипата на Крим имаше предност, која во еден момент достигна и до пет голови разлика. Словенките имаа фуриозен старт кога го отворија мечот со водство од 0:3, а црвено-црните погодија дури во петтата минута за првиот погодок. Никако не можевме да го скршиме отпорот на противникот, а Крим беше тимот кој одржуваше водство, кое се движеше од 1-3 голови разлика. Во неколку наврати, Вардар имаше обид да го израмни резултатот, но тоа не им успеваше, па на пауза се замина со позитива на Крим од три голови (13:16).


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Не тргнаа најдобро работите ниту во вториот дел, кога по шест минути игра, Крим имаше највисоко водство од пет голови разлика. Одлично играше противникот и постојано одржуваше предност, која беше активна се до последните пет минути од мечот, кога стигна и првото израмнување на дуелот. Вардарки полека но сигурно ја топеа негативата, па во последните минути се влезе во неизвесна завршница. На две минути пред крајот го имавме и првото водство од 31:30, за веднаш во следниот напад, екипата на Крим да донесе израмнување. Бевме сконцентрирани во нашиот последен напад, кога погоди од својата позиција Андреа Пенезиќ, по што останаа само пет секунди за тимот на Крим. На крајот конечниот резултат гласеше 32:31.

Најефикасна во нашиот состав беше Пенезиќ која постигна 8 голови, додека по 5 беа дело на Цвијиќ и Лекиќ.

ВАРДАР: Радичевиќ 3, Кликовац, Саздовска, Кузнецова 4, Лејно, Бајрамовска, Лазовиќ 2, Пенензиќ 8, Чанаџија 1, Суслина, Лакрабер 4, Хмирова, Цвијиќ 5, Лекиќ 5, Петровиќ, Ристовска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Селекторот Андов го објави списокот фудбалерки за двата натпревари со Црна Гора

Женската репрезентација на Македонија кон крајот на ноември и почетокот на декември ќе оди…