Робин Ван Перси ќе остане запаметен како еден од најдобрите холандски голгетери на сите времиња.
Ван Перси осум години го носеше дресот на Арсенал, за потоа во 2012 да направи трансфер во ривалот на „топџиите“, Манчестер Јунајтед. Со тој трансфер Ван Перси ги налути навивачите на Арсенал кои поинаку гледаа на него од тој момент.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега Ван Перси открива дека при тој трансфер се случиле многу работи за кои јавноста не знае, а како што тврди тој и не му бил понуден нов договор.
„Во Арсенал се изморија од мене, така започна. Не ми беше понуден нов договор и нема друг избор. Погледнав околу себе, сакав уште да играм и да победувам. Пред мене беа три опции – да играм во странство, но таа опција брзо пропадна. Во тој момент можев да бирам помеѓу Сити и Јунајтед. Јавноста не знае дека многу работи што се случија зад сцената. Пред да заминам повеќе пати разговарав со Венгер и Газидис и не ми оставија друг избор“, изјави Ван Перси за „БТ Спорт“.