Лигата на шампионите полека влегува во самата завршница и веќе стигнавме до полуфиналните натпревари кои се играат наредната недела.
Во полуфиналето ќе гледаме два интересни натпревари, а ќе се сретнат Барселона – Ливерпул и Ајакс – Тотенхем. Многумина веруваат дека натпреварот помеѓу Барселона и Ливерпул е финале пред финале и дека играчите на овие тимови ќе приредат вистински спектакл.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона после 2015 година успеа да дојде до полуфинале и сигурно дека не сакаат тука да запрат. Меѓутоа за противник имаат екипа која е во одлична форма и еден од главните фаворити за овој трофеј.
На „Енфилд“ најмногу стравуваат од Лионел Меси, а тоа го призна и Вирџил Ван Дијк. Иако, Холанѓанецот е еден од најдобрите дефанзивци во светот во овој момент, за многумина и најдобар изјави дека не знае како ќе го запре Аргентинецот.
Ван Дијк во кариерата веќе има искуство со играње на „Камп Ноу“. Тој гостуваше во домот на Барселона додека играше за Селтик. Тоа се случи во сезоната 2013/2014 во групната фаза кога Барселона го декласираше шкотскиот клуб со 6:1.
Холанѓанецот одигра солиден натпревар, но го доживеа еден од најтешките порази во кариерата. Нејмар на тој натпревар постигна хет-трик по еден постигнаа Пике, Педро и Кристијан Тељо.
Virgil van Dijk ha estado en el Camp Nou antes … ??
— ?????? ?????? (@Mister__) April 19, 2019