Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек синоќа дебитираше во пријателски натпревар против Астон Вила.
И покрај поразот од 1:0 на „црвените ѓаволи“, сепак Солскјер е воодушевен од холандскиот играч за врска.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Можеби играта на Дони беше нашата најголема предност на теренот. Успева толку добро да ги пронајде празните простори и со своето движење да се најде во вистинската позиција. Јас сум многу задоволен од него, изјави Солскјаер.
Норвежанецот исто така ги пофали голманот Дин Хендерсон и 18-годишниот дефанзивец Теден Менги, кој е дете на клубот.