Ливерпул го продолжи патот кон титулата шампион на Англија откако го победија Вулвс со минимални 1:0.
„Црвените“ голот го постигнаа во првото полувреме преку Садио Мане. ВАР се гледаше поради можно играње на Адам Лалана со рака, но Вирџил Ван Дајк беше тој кој се послужи со рака, меѓутоа голот сеедно беше признат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Новинарите после натпреварот ги интересираше мислењето на Ван Дајк за таа ситуација.
„Треба повторно да погледнам. Не се сеќавам. Од вас слушнав дека сум играл со рака. Мислев дека се жалат за Лалана. Натпреварот е завршен. Што да правиме сега? Голот е признат“, одговори холандскиот стопер.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Садио Мане бил сигурен дека ВАР нема да му го поништи голот.
„Ја следев топката од почетокот и знаев дека Лалана играше со рамо, не паничев бидејќи бев сигурен дека голот ќе биде признат“, изјави Мане.