Дома Фудбал Англија Ван Дајк: Зарем е мала работа да ја освоите Премиер лигата?!

Ван Дајк: Зарем е мала работа да ја освоите Премиер лигата?!

Tимот на Ливерпул изгледаше совршено се до неодамна кога „црвените“ западнаа во блага криза.

„Црвените“ изгубија на последните два натпревари (Вотфорд и Челзи), се простија од ФА Купот и се во опасност да бидат елиминирани од Лигата на шампионите. Во осминафиналето во првиот натпревар Ливерпул изгуби од Атлетико со 1:0.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Новинарите го запрашаа Ван Дајк што мисли можноста Ливерпул да остане само со еден трофеј.

„Ќе останеме само со Премиер лигата? Да, зарем тоа е мала работа? Го освоивме Суперкупот и Светското клупско првенство. Секогаш постојат луѓе кои ќе бидат незадоволни и ќе бараат само негативни работи. Таква е реалноста. Или ќе се фокусирате на добрите работи или до крај ќе останете во некоја негатива. Јас ќе се фокусирам на добрите работи затоа што и реално сме во добра ситуација“, изјави Ван Дајк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…