Ванда Нара често пати ја критикуваат поради нејзините одлуки и потези, но таа упорно ги одбива тие напади и се претставува како моќна жена која знае што сака во животот.
Како што е добро познато таа е менаџерка на нејзиниот сопруг Мауро Икарди кој во овој момент го носи дресот на ПСЖ како позајмен фудбалер од Интер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Некогаш се лутам затоа што некои луѓе знаат да ми кажат дека сум му ја уништила кариерата на Мауро, но моите одлуки, дури и оние кои не ми се допаднале на крајот се покажале како исправни. Сите мислат дека со Мауро сум поради неговите пари, но јас бев богата и пред да се запознаеме. Бев богата затоа што се борев за тоа“, изјави Ванда.
Таа призна дека е „патник со куфер во рацете“ бидејќи често е во авион и ги менува дестинациите.
„Мојот куфер секогаш е спремен. Кога отидов во Париз беше четврток. Поминавме викенд заедно, додека веќе понеделник се разбудив во Милано и видов пет деца. Не беше лесно“, порача Ванда на крајот од интервјуто.