Дома Фудбал Валверде објасни зошто трансферот на Гризман во Барселона се уште не е потврден

Валверде објасни зошто трансферот на Гризман во Барселона се уште не е потврден

Францускиот напаѓач Антоан Гризман неодамна соопшти дека ќе го напушти Атлетико Мадрид на крајот од оваа сезона.

Гризман изминатиот викенд го одигра последниот натпревар во дресот на клубот од Мадрид бидејќи јавно призна дека на лето ќе ја промени средината.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од тој момент Гризман се поврзува со неколку клубови, но најмногу со Барселона. Французинот на чекор од Барселона беше и минатиот преоден рок, па поради тоа Каталонците се истакнаа како први фаворити после објавата на Гризман.

Сепак, додека нема официјална потврда од некоја од двете страни дека Гризман оди во Барселона, може да се случи пресврт.

Меѓутоа дека Барселона преговара со Гризман сега потврди и стратегот на каталонскиот гигант кој објасни и зошто се уште нема официјална потврда за трансферот на францускиот напаѓач.

„Точно е дека се остварени контакти на таа тема, но преговорите се во тек. Сезоната за нас не е завршена и имаме уште финале во шпанскиот куп. Мораме да останеме фокусирани до крајот и после финалето ќе има време за други работи. Во овој момент сакам да зборувам само за нашите играчи“, изјави Валверде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…