Со вчерашните натпревари Баерн – Ливерпул и Барселона – Лион завршената е првата фаза од нокаут фазата од Лигата на шампионите.
Познати се сите екипи кои на утрешната ждрепка во Нион ќе ги добијат своите противници, а кога ќе погледнеме за какви екипи станува јасно дека спектаклот нема да изостане.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Не постои комбинација која не би ни донела барем два вистински спектакл во четвртфиналето, но секако постојат и такви кои посебно се посакуваат.
Ова би биле веројатно најпосакуваните парови за неутралните љубители на фудбалот.
ТОТЕНХЕМ – ПОРТО
„Петлите“ од Лондон навистина ретко кога имаат среќа со ждребот во нокаут фазата. Така во минатата години беа елиминирани од екипи како Јувентус и Реал Мадрид, а оваа година сигурно најмногу посакуван противник е Порто.
На сите им е јасно дека Португалците се аутсајдери во оваа конкуренција. Можеби е време конечно Тотенхем да го видиме во полуфиналето?
ЛИВЕРПУЛ – АЈАКС
Не постои љубител на фудбалот кој не би сакал да го гледа овој натпревар. Ајакс со магичната вечер на „Бернабеу“ покажа дека може да игра против било кого, а Ливерпул би бил вистински испит за нив.
Едно е сигурно – головите би требало да бидат загарантирани.
МАНЧЕСТЕР СИТИ – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
Не треба ниту да се зборува каков спектакл би било дербито на Манчестер во елиминационата фаза.
ЈУВЕНТУС – БАРСЕЛОНА
И секако за крај го оставаме потенцијалниот пар Јувентус – Барселона. Некои ќе кажат двете најсилни екипи во овој момент во Европа, но секако дека тоа не е во прв план туку новиот судар помеѓу Кристиано Роналдо и Лионел Меси
Посакувате ли ваков ждреб?