Дома Останати Тенис Вакво нешто не се случило никогаш претходно: Двајца тенисери ќе играат двапати меѓусебе на Ролан Гарос!

Вакво нешто не се случило никогаш претходно: Двајца тенисери ќе играат двапати меѓусебе на Ролан Гарос!

Тенисерите Јуриј Родинов и Лука Пуј ќе испишат историја на Ролан Гарос.

Имено, овие двајца тенисери ќе бидат првите кои ќе одиграат два натпревари меѓусебно на ист турнир. Двајцата се сретнаа во последното коло од квалификациите, а искусниот Французин победи со 6:1, 7:5 и 6:0 и така дојде до главната фаза.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Белорусинот кој беше поразен имаше среќа да биде помеѓу „среќните губитници“. Како играч кој загуби беше извелечен од барабанот и така доби можност да биде во главната фаза.

Потоа дојде ждрепката за првото коло на Ролан Гарос, а таа сакаше за противник да го добие токму ривалот од кој загуби во четвртокот.

Мечот во четвртокот беше нивни прв меѓусебен и сега вториот ќе го одиграат на истиот турнир, нешто што досега не се случи на најголемите тениски турнири.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Неверојатни сцени: Кинезите полудеа по Ѓоковиќ, развеаа и српски знамиња! (Видео)

Новак Ѓоковиќ е несомнено најголемата ѕвезда на мастерсот во Шангај, а тоа совршено јасно …