На стадионот на Реал Мадрид, „Сантијаго Бернабеу“ во недела навечер ќе биде одигран долгоисчекуваниот реванш од финалето во Копа Либертадорес во кој ќе се сретнат Ривер и Бока.
Како што е веќе добро познато овој натпревар требаше да се одигра пред десетина дена, но се одложи поради нередите пред „Монументал“, а потоа се донесе одлука да се одигра надвор од Аргентина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Изборот падна на „Сантијаго Бернабеу“, а на овој натпревар се очекува да присуствуваат и големи фудбалски ѕвезди.
На оваа средба би можело да се случи за прв на трибините да ги видиме Кристиано Роналдо и Лео Меси како заеднички следат еден натпревар. Меси претходно најави дека ќе дојде на оваа средба, а голем број медиуми пишуваат дека во ложата на „Бернабеу“ ќе му се придружи и Роналдо.
Освен тоа се тврди и дека Меси и Роналдо ќе седат еден покрај друг.
Имено, „АС“ најавува дека Флорентино Перез ќе го отстапи своето место во ложата на овој двоец како признание за се што направија во фудбалот во последните 10 години.
Доколку овие најави се покажат како точни ова ќе биде прво враќањето на Роналдо во Мадрид откако го напушти Реал. Со времето нема да има проблем бидејќи неговиот Јувентус во петок го игра натпреварот против Интер, а „Суперкласико“ се игра во недела во 20:30 часот.