Дома Останати Вака изгледа АТП листата која ја предводи Мари

Вака изгледа АТП листата која ја предводи Мари

Британецот Енди Мари официјално е новиот број 1 во светскиот тенис, објави АТП. На најновата листа на тениските професионалци Роџер Федерер испадна од Топ 10, тој се наоѓа на 16-та позиција.

Британецот е 26-от број 1 во Опен ерата, а воедно е и вториот највозрасен играч (29 години) по Џон Њукомб кој се искачил на првата позиција на АТП листата.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Мари е прв пред Новак Ѓоковиќ кој на првата позиција се наоѓаше без прекин од 7 јули 2014 година (122 недели).

Зад водечкиот тандем се наоѓаат Стан Вавринка, Милош Раониќ и Кеи Нишикори. Во првите десет уште се и Гаел Монфилс и Марин Чилиќ кои ги бележат најдобрите пласмани во кариерата, односно Рафаел Надал, Доминик Тим и Томаш Бердих.

Осовјувачот на 17 грен слем титули, најмногу во тениската историја, Роџер Федерер, испадна од Топ 10 и се наоѓа на 16-то место на АТП листата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓорческа ќе игра финале во Куршумлиска Бања!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, се пласираше во финалето на ИТФ турнирот в…