Дома Фудбал Италија Буфон од фудбалот сака да се прости со олимписко злато

Буфон од фудбалот сака да се прости со олимписко злато

Легендарниот италијански чувар на мрежата Џанлуиџи Буфон после само една сезона ја заврши својата епизода во ПСЖ.

Ќе потсетиме Буфон минатото лето после 17 години го напушти Јувентус и потпиша едногодишен договор со ПСЖ. Во договорот имаше и опција тој да биде продолжен на уште една година, но тоа не се случи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Но, 41 годишнот голман се уште нема намера да ја заврши својата кариера и засега очекувањата се да продолжи да брани во Италија. Се доведуваше и во врска со Барселона, но засега се потенцира дека клубовите од неговата татковина се во предност.

Од италијанските клубови како фаворит се споменуваше неговиот поранешен клуб Парма, како и Бреша, па останува во текот на летото да видиме што ќе се случува.

Сега „Газета дело Спорт“ пишува за тоа кога Буфон сака да се прости од фудбалот. Според информациите на овој италијански медиум, Буфон има намера од фудбалот да се прости на Олимпијадата во Токио која ќе се одржи следната година, а совршено би било кога тоа би го направил со освоен златен медал.

Буфон сака да биде вклучен и во олимписката репрезентација на Италија како еден од тројцата постари играчи од 23 години.

Инаку, Буфон беше дел од олимписката селекција на Италија во 1996 година. Тогаш беше замена за легендарниот Џанлука Паљука. Тогаш „Аѕурите“ завршија како последни во групата во која беа уште селекциите на Мексико, Гана и Јужна Кореја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…