Легендата на Јувентус и сегашен голман на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Буфон признава дека никој во нокаут фазата не сака да игра против Јувентус.
ПСЖ се квалифкуваше во нокаут фазата како првопласиран пред Ливерпул, Наполи и Црвена Звезда, а ако Јувентус вечерва ја потврди првата позиција премсетка помеѓу ПСЖ и Јувентус во осминафиналето нема да биде возможна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Буфон тврди дека Јувентус во овој момент веројатно е најсилниот тим.
„Дали овој Јувентус е најсилниот во последните неколку години? Да, бидејќи направија екипа која е навистина силна и пред себе имаат јасна цел. Изминататите години бевме меѓу најсилните, но сега го имаат и Роналдо, јасно е дека никој не сака да игра против нив“, истакна Буфон.
Џиџи зборуваше и за италијанските клубови, Наполи и Интер кои вчера беа елиминирани од најелитното европско натпреварување.
„Ќе ми беше навистина мило доколку Наполи и Интер се пласираа во следната фаза. Наполи имаше силна група, а на Интер му беше потребна победа, штета е што не успеаа“, заврши легендарниот голман.
ПСЖ својот противник во осминафиналето ќе го дознае во понеделник на 17-ти декември.