Дома Фудбал Лига на шампиони Бутрагењо: За Реал секој противник е тежок!

Бутрагењо: За Реал секој противник е тежок!

Директорот на Реал Мадрид, Емилио Бутрагењо е претпазлив во однос на ждребот за осминафиналето од Лигата на шампиони.

„Кралевите“ денес за противник го добија Ајакс, а Бутрагењо ги знае потешкотиите кои ги носи овој дуел.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Никогаш не се знае. За нас сите противници се тешки. Ги знаеме тешкотиите кои ги носи секој меч, а Ајакс е тим кој игра одлично. Ќе биде дуел на два легендарни клуба со историска традиција во овој турнир. Сигурно не очекуваат два тешки натпревари“, изјави Бутрагењо.

„Знаеме каква е сезоната, решавачките натпревари започнуваат во февруари и март. Тоа е моментот кога тимот треба да биде во врвна форма. Знаете дека Лигата на шампиони за Реал Мадрид е нешто посебно“, заклучи директорот на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Хрват направи бизарен пенал каков што не сте виделе досега! (Видео)

Дефанзивецот на Реал Сосиедад, Дује Чалета-Цар, стана главна тема по баскиското дерби во К…