Шпанија го заврши настапот на Европското првенство со поразот во полуфиналето од Италија после пенали.
„Црвената Фурија“ прикажа одлична игра, меѓутоа мораше да се соочи со елиминација. Кај Шпанците еден од подобрите на теренот беше Серхио Бускетс кој можеби го одигра последниот натпревар во националниот дрес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не знам, не размислкував сега на таа тема. Во овој момент сум горд на тимот. Одигравме повеќе фудбал од Италија, ја имавме топката и бевме доминантни, штета е што изгубивме“, изјави Бускетс.
Вториот патник во финалето ќе го добиеме вечерва од дуелот помеѓу Англија и Данска.