Toa што во текот на вчерашниот ден беше најавено од шпанските медиуми денес доби официјална потврда, Серхио Бускетс си заминува од Барселона на крајот на сезоната.
Капитенот на Барселона претходно побара време да донесе конечна одлука, а на крајот се одлучи дека е време за разделба по 15 години поминати во првиот тим на Каталонците.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
До првиот тим на Барселона Бускетс дојде преку младинските категории и за првпат доби шанса од Пеп Гвардиола во 2008 година. Од тој момент започна да испишува историја, освои се што можеше да се освои со Барселона, а беше успешен и со националниот тим на Шпанија станувајќи европски и светски шампион.
Со емотивно на официјалниот канал на Барселона, Бускетс се заблагодари на сите соиграчи, тренери, стручни лица…и сите други кои биле покрај него во изминатите години. Според најавите во медиумите кариерата Бускетс ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.
🥺 A Barça legend says goodbye. #5ergioUnic pic.twitter.com/SWlDN2GtA2
— FC Barcelona (@FCBarcelona) May 10, 2023
🥺 A Barça legend says goodbye. #5ergioUnic pic.twitter.com/SWlDN2GtA2
— FC Barcelona (@FCBarcelona) May 10, 2023