Дома Трансфер зона Aмериканци: МЛС лигата го претстави Бускетс со фотографија на поранешен играч на Реал Мадрид

Aмериканци: МЛС лигата го претстави Бускетс со фотографија на поранешен играч на Реал Мадрид

Серхио Бускетс беше и официјално претставен како нов играч на Интер Мајами, но при неговото претставување админот на официјалната страна на МЛС направи голем кикс.

МЛС лигата го најави трансферот на Бускетс, меѓутоа во таа ситуација на социјалните мрежи постави фотографија ни помалку, ни повеќе туку од поранешен играч на Реал Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По грешка на профилот беше објавена фотографија од Алваро Арбелоа наведувајќи ги трофеите кои ги освоил во кариерата Бускетс.

Набрзо самиот админ ја увиде грешката, но имаше храброст и да се пошегува на своја сметка објаснувајќи дека грешката ја направил поради големата сличност помеѓу Арбелоа и Бускетс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Размена помеѓу Барселона и Баерн?

Баерн е подготвен да и го понуди на Барселона Џошуа Кимих (29) и плус пари за Френки де Јо…