Дома Фудбал Италија Бурно било во Рим по дербито: Мурињо и Лотито влегле во дуел!

Бурно било во Рим по дербито: Мурињо и Лотито влегле во дуел!

Тензично беше вчера во римското дерби кое на крајот го доби Лацио со 1:0, а Рома еден час играше со фудбалер помалку откако Ибањез доби втор жолт картон и беше исклучен.,

Црвени картони се делеа и во стручниот штаб, а и по натпреварот. „Газета дело Спорт“ пишува дека имало и трето полувреме во тунелот во подтрибинскиот простор.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Алесио Ромањоли славел пред соблекувалната на Рома и предизвикал реакција на Џанлука Манчини и двајцата влегле во расправија. Тука бил и Лотито кој се обидел да ги раздели, набрзо дошол и Мурињо кој не го водеше својот тим поради суспензија.

„Што гледаш?“, му одговорил Мурињо на Лотито, кој на тоа возвратил: „Кој си ти? Ова е мојот дом и ти не треба да бидеш тука!“.

Во целата ситуација интервенирал Тиаго Пинто кој ги разделил. Дуел имал и Луис Алберто со Салваторе Фоти, помошникот на Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул го обнови договорот со еден од најважните играчи

Ливерпул потпиша нов договор со Рајан Гравенберх. Холанѓанецот се обврза до 2032 година и …