Дома Останати Кошарка НБА Бруклин ги прегази Бакси за 2:0, Јокиќ и Денвер отворија со пораз против Феникс 🎥

Бруклин ги прегази Бакси за 2:0, Јокиќ и Денвер отворија со пораз против Феникс 🎥

Кошаркарите на Бруклин беа убедливи и со победа од 125:86 поведоа со 2:0 во серијата.

Бруклин оди кон финалето на Источната конференција, сега го декласираа Милвоки иако беа без Џејмс Харден. Нетси одиграа одличен натпревар и одржаа вистински лекција на Бакси. Веќе после првата четвртина беше јасно дека на Милвоки не му се пишува добро.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Првата четвртина Бруклин ја доби со 36:19, додека на полувреме се замина со резултат 65:41 за Бруклин. Уште тогаш стануваше јасно дека Нетси ќе поведат со 2:0 во оваа серија и беше прашање само со која разлика ќе слават. До крајот на натпреварот доминираа Нетси и на крајот славеа со 135:86.

До победата беа предводени од Кевин Дурант кој уфрли 32 поени и додаде уште шест асистенции и четири скока. Се истакна и Кајри Ирвинг со шест асистенции и пет скокови.

Кај Милвоки најефикасен беше Антетокумпо со 18 поени, 11 скокови и 4 асистенции.

Многу добар меч гледавме и во дуелот помеѓу Денвер и Феникс. Во првиот меч од оваа серија славеа Санси со 122:105 и така поведоа со 1:0. Најефикасен кај Фениск беше Бриџс со 23 поени, додека Девин Букер и Крис Пол додаде по 21 поен.

Во екипата на Денвер повторно се истакна Јокиќ кој постигна 22 поени и додаде уште девет скока и три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Роналдо го доби Јувентус на суд, ќе добие 19 милиони евра

Кристиано Роналдо го доби судискиот спор против неговиот поранешен клуб Јувентус за неиспл…