Дома Останати Кошарка Босанецот Нуркиќ со луд настап испиша историја во Феникс 🎥

Босанецот Нуркиќ со луд настап испиша историја во Феникс 🎥

Босанскиот кошаркар, Јусуф Нуркиќ зад себе имаше историски настап во дресот на Феникс, сепак неговиот тим загуби на домашен терен од Оклахома со 118:110.

Нуркиќ на оваа средба оствари дури 31 скок и постави рекорд во Феникс. Но, неговата одлична скок игра не беше доволна за Феникс да дојде до победата. Покрај 31 скок, Нуркиќ додаде и 14 поени.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во третиот период Феникс имаше негатива од 24 поени, меѓутоа направи голем пресврт и во текот на последниот период дојде до водство од седум поени разлика. Во финишот кога се решаваше натпреварот, гостите беа подобри и славеа со 118:110.

Кај Оклахома најдобар беше Гилгеус Александер со 35 поени, а најефикасен кај Феникс Бил со 31 поен.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Далас – Филаделфија 116-120

Бостон – Голден стејт 140-88

Минесота – ЛА Клиперс 88-89

Орландо – Детроит 113-91

Торонто – Шарлот 111-106

Кливленд – Њујорк 98-107

Сан Антонио – Индијана 117-105

Феникс – Оклахома 110-118

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

ПМФЛ: Пресврти на Силекс и Шкупи, Вардар влезе во црна серија

На македонските фудбалски терени денеска се играа натпреварите од ПМФЛ. Екипата на Шкупи с…