Дома Актуелно Брестовац : Ова како сон со преубав крај!

Брестовац : Ова како сон со преубав крај!

По освојувањето на ЕХФ-шампионатот, посебно радосен и задоволен беше селекторот Данило Брестовац, кој успехот го оцени како сон со преубав крај.

Не можам да ги најдам соодвените зборови за да опишам колку сум горд на овие момци. Го одигравме најдобриот натпревар на шампионатот. Се беше на своето место, многу сум среќен што победиме и го освоивме првенството. Преубава недела, за мене ова е како сон. Рековме дека ќе одиме чекор по чекор, дојдовме до ова последно скалило и очекувавме уште еден тежок натпревар. Благодарност до моите помошници, цела ноќ не спиевме, вадевме исечоци за да ги претставиме силните и слабите страни на противникот. Благодарност и до играчите, кои одиграа максимално дисциплинирано и го спроведоа сето она што го договаравме. На сето тоа што го покажаа и на разновидноста во играта во нападот, мислам дека се надоврза и Матеј кој го одбрани својот најдобар натпревар на турнирот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Разговарав со играчите, им реков дека за некој ова можеби ќе биде единственото финале во кариерата, за некој прво од многуте, побарав секој да го даде својот максимумот за да не се случи потоа во текот на животот да жалат за нешто од денешниот дуел. Затоа барав да одиграме 60 минути квалитетен ракомет и го сторивме токму тоа, затоа сум многу горд на овие играчи“, рече Брестовац.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Ѓоковиќ го прашаа на кој тенисер би му го доверил животот – одговорот беше изненадување! 🎥

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ доби и интересно прашање на кое имаше интересен о…