Дома Македонски спорт Браќата Јовановски најдобри на Меѓународниот параглајдинг натпревар „Прилеп опен 2018“

Браќата Јовановски најдобри на Меѓународниот параглајдинг натпревар „Прилеп опен 2018“

На 13 и 14 октомври во Крушево традиционално се одржа Меѓународен натпревар во параглајдинг – прецизно слетување “Прилеп Опен” и Државно првенство на Националната параглајдинг лига.

Локацијата Крушево, Мечкин Камен беше избрана за старт поради поволните ветрови, а на овој натпревар од Европскиот Куп учествуваа 46 пилоти од шест земји. Првото и второ место го освоија Борјан Јованоски и Мартин Јованоски од Параглајдинг клубот „Делта“ од Прилеп, засенувајќи го европскиот шампион за 2018 година, Матијаз Слуга од Словенија кој заврши на третото место.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Во женска конкуренција златото го освои Деспина Станковска од Прилеп, второто место и припадна на Александра Уфцеска, додека на третото место се најде Теодора Величкова од Бугарија.

Беа прогласени и најдобрите македонски параглајдерски клубови за 2018 година. Првото место и најуспешен клуб за 2018 година е „Делта“ од Прилеп, втор – „Скајрајдерс“ од Прилеп и трет – летечкиот клуб „Кондор“ од Гостивар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…