Екипата на Брајтон е вистински хит во преодниот рок откако за седум фудбалери летово потроши над 150 милиони евра.
Последен кој пристигна во овој премиерлигаш е Жоржињо Рутер од Лидс кој пристигнува за сумата од 45 милиони евра. Во вчерашниот ден кој беше последен во кој важеше неговата клазула и Брајтон го фати последниот воз да го доведе.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сумата од 45 милиони евра е клупски рекорд за Брајтон кога во прашање е некое засилување.
Претходно Брајтон ги доведе: Брајан Груда, Јанкуба Минтех, Матс Вифер, Ибрахим Осма, Малик Јалкује и Амарио Козер-Дјубери.