Дома Македонски спорт Мак ракомет Братот на Наумче Мојсоски избран за селектор на репрезентацијата во ракомет на плажа

Братот на Наумче Мојсоски избран за селектор на репрезентацијата во ракомет на плажа

Ракометот на плажа одново е актуелна тема во македонската спортска јавност откако нашата репрезентација ја прифати поканата да биде дел од европскиот шампионат кој во мај ќе се одржи во Португалија.

ИХФ и ЕХФ најавуваа иницијативи ракометот на плажа наскоро да стане олимписки спорт. Таквата ситуација придонесе и за нов ангажман во македонската ракометна федерација. За Национален кординатор за ракомет на плажа именуван е Марјан Начевски, додека негов заменик е судијата Сашко Кркачев.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


За селектор на претстојното европско првенство избран е долгогодишниот сениорски репрезентативец Златко Мојсоски, а ќе му помаѓа поранешната вардарка, Ања Алтхаус.

Фото: РК Бутел

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Пелистер се спаси од пораз: Хосни во последна секунда погоди против Алкалоид (Видео)

Актуелниот ракометен шампион Пелистер освои голем бод на гостувањето кај Алкалоид во Авток…