Дома Фудбал Репрезентации Бразил со пресврт ја победи Венецуела, Реми на Аргентина и Парагвај 🎥

Бразил со пресврт ја победи Венецуела, Реми на Аргентина и Парагвај 🎥

Репрезентацијата на Бразил на гости вчера ја победи Венецуела со 3:1 во рамките од 11. коло во квалификациите за Светското првенство.

Бразилците успеаа да дојдат до нова победа иако Венецуела успеа да им направи проблеми во првото полувреме. Сепак, на крајот домаќинот ги реши работите во своја корист. Венецуела одлично го отвори натпреварот и до предност дојде веќе во 11. минута кога Рамирез погоди на асистенција на Сотелдо за 1:0.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Изгледаше дека домаќините можат да го шокираат  Бразил, но гостите во вториот дел дојдоа до пресврт. Изедначи Бразил со голот на Маркињос на 20 минути до крајот, Габриел Барбоса во 85. минута од пенал погоди за пресврт. Конечните 3:1 ги постави Ентони во судиското продолжение.

Аргентина гостуваше кај Парагвај, но во овој натпревар немаше голови. Ист беше и резултатот на дербито помеѓу Уругвај и Колумбија. Еквадор запиша убедлива победа со Боливија додека Перу дома славеше против Чиле со 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…