Дома Фудбал Репрезентации Бразил го одмараше Нејмар, Еквадор дојде до бод 🎥

Бразил го одмараше Нејмар, Еквадор дојде до бод 🎥

Во последното коло од групната фаза на Копа Америка, Бразил и Еквадор ги поделија бодовите одигрувајќи реми 1:1.

Селекторот на Бразил Тите си дозволи да излезе со малку комбиниран состав, па Нејмар целиот натпревар го помина на клупата за резерви. Првотимците Ричарлисон и Фред исто така одмараа, но „Кариоките“ и така го задржаа првото место во групата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во првото полувреме единствено што е вредно да се спомене е голот на Едер Милитао во 37. минута. Стоперот на Реал беше највисок после нафрлувањето на Евертон после што голманот Галиндес мораше да ја вади топката од својата мрежа.

На почетокот на второто полувреме малото опуштање во одбраната на Бразил го искористи Анхел Мена кој погоди откако топката со глава ја спушти Енер Валенсија.

Освен овие два гола скоро и да не видовме некое друго возбудување. Двете екипи беа затворени и поделија по бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Росениор: Сè уште сме во трка за топ-5 и може да го освоиме ФА-купот

Тренерот на Челси, Лиам Росениор испрати јасна и мотивирачка порака до својот тим, истакну…