Репрезентацијата на Бразил вчера во пријателски натпревар во Порто Алегре одигра пријателски натпревар против Хондурас и славеше со високи 7:0.
Бразилците со прилично силен состав излегоа на теренот и веќе во шестата минута стигнаа до предност кога Габриел Хесус после уфрлувањето на Дани Алвес погоди за 1:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веќе во 13-тата минута беше 2:0 кога Кутињо изведе корнер, а Тиаго Силва одлично се снајде и со глава ја погоди мрежата. Во 20-тата минута Хондурас остана со играч помалку откако Куиото после остар старт доби директен црвен картон.
Бразил во 37-та минута доби и пенал, а сигурен од белата точка беше Кутињо со 3:0.
На почетокот од второто полувреме во 47-та минута Габриел Хесус го постигна својот втор гол на натпреварот и ја зголеми предноста на Бразил на 4:0.
Очајната вечер на Хонудрас се продолжи и потоа, Давид Нерес во 56-тата минута погоди за 5:0, а Роберто Фирмино десет минути подоцна стрела за „шестка“. Конечните 7:0 ги постави Ричарлисон со голот во 70-тата минута.
https://www.youtube.com/watch?v=SG2In48ydA8