Дома Останати Авто Мото Ботас правеше инциденти, Хамилтон ја искористи пол-позиција на „Хунгароринг“

Ботас правеше инциденти, Хамилтон ја искористи пол-позиција на „Хунгароринг“

hamilton

Британецот, Луис Хамилтон дополнително се зацврсти на првата позиција во генералниот пласман откако денес на „Хунгароринг“ ја искористи пол-позицијата и без проблеми стигна до победата.

Во текот на поголемиот дел од трката тимскиот колега од Мерцедес, Ботас одлично му го „чуваше грбот“ со што му овозможи на Хамилтон да ја зголеми предноста во однос на ривалот од Ферари Себастијан Фетел.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Инциденти на трката видовме во финишот кога Ботас прво се судри со Фетел, за потоа на два круга до крајот да дојде и до судир со Рикардо. Поради ваквата ситуација, надлежните веднаш најавија истрага.

На крајот Фетел мораше да се задоволи со втората позиција, зад него следуваа, Раиконен, Ботас, Гасли, Магнусен, Алонсо, Саинц и Грожан.

Во генералниот пласман Хамилтон сега има 213 бодови, Фетел 189, Раиконен 146.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Несреќа на рели трка во Хрватска: Возач удри директно во куќа покрај патеката 🎥

На рели трката од Светскиот шампионат во Хрватска на која победи Себастиен Оже се случи и …