Натпреварот од првото коло во Групата Б на Евробаскетот заврши со победа на Босна и Херцеговина против Унгарија со 95:85.




Селекцијата на Босна така успеа да ја оправда улогата на благ фаворит, а Унгарците само во текот на првата и втората четвртина успеаа да пружат нешто посилен отпор бидејќи на полувреме имаа половина кош предност.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Во продолжение од натпреварот Босна целосно ја преземе контролата на паркетот и во третата четвртина го реши натпреварот во своја корист. Босна беше предводена од Јусуф Нуркиќ и Џанан Муса кои постигнаа по 19 поени, Џон Робертсон запиша 18, а Миралем Халиловиќ 16 поени.




Во екипата на Унгарија најрасположен за игра беше Силард Бенк кој постигна 20 поени, потоа Адам Ханг со 16 и Давид Војвода со 15.