Некои од метите се навистина не реални, но оваа опција за „росонерите“ е сосема реална, а преговорите веќе започнале.
Расте притисокот на Монтела кој според медиумите во Италија доколку го изгуби дербито против Интер за викендот ќе биде сменет, а клубот до крајот на сезоната би требало да го боди Рино Гатузо, клупската легенда и сега тренер на младинскиот тим на „росонерите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан во тој случај во текот на летото би се обидел да доведе еден од Карло Анчелоти и Антонио Конте, но сепак тоа се тешки мети. Прво, ако не се изборат за пласман во Лигата на шампионите нема да имаат пари.
Поради тоа директорите веќе разговарале со Владимир Патковиќ кој во Италија остави добар впечаток водејќи го тимот на Лацио.
Швајцарскиот селектор мора ќе игра во баражот за Светското првенство иако после девет победи, само еден пораз во Лисабон беше доволен да го изгуби првото место. Тој има договор до 2019 година, но после Мундијалот во Русија би можел да ја напушти Швајцарија.
Наводно Петковиќ веќе одржал состанок со Мирабели, директорот на Милан, за можноста да ги превземе „росонерите“.