Дома Фудбал Германија Борусија Дортмунд – кој ризикува, тој добива!

Борусија Дортмунд – кој ризикува, тој добива!

Кој ризикува тој и добива, е трансфер политиката која во изминатиот век и тоа како и се исплатеше на Борусија Дортмунд.

„Милионерите“ пред 15-тина години беа пред згаснување, но со добра работа повторно станаа конкурентен тим како во Германија така и во Европа.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Голем дел од најдобрите играчи во овој век играа на теренот на „Сигнал-Идуна Парк“. Ризикувањето на Борусија со доведувањето на релативно непознати играчи и се исплатеше во повеќе случаи.

На почетокот на сезоната 2010/2012 Борусија го доведе Роберт Левандовски од Лех за 4.75 милиони евра. Одличниот полски напаѓач во Дортмунд стана еден од најдобрите напаѓачи во светот, но тој е можеби единствената грешка на Борусија затоа што на крајот си замина бесплатно.

Исклучително исплатлива инвестиција беше доведување на Илкај Гундоган за 5.5 милиони евра. Пет години откако го доведоа овој фудбалер беше продаден на Манчестер Сити за 27 милиони евра.

Марко Ројс во клубот пристигна во 2012 година за сума од 17 милиони евра и ако денес погледнеме за каков играч станува збор, тогаш јасно е дека таа сума била „ништо“. Ројс се уште е играч на Борусија и иако има проблеми со повредите успева да го покаже својот врвен квалитет.

Одлична работа се направи и со доведувањето на Пјер-Емерик Обамејанг. Габонецот на Сент Етјен беше платен 13 милиони евра за потоа да биде продаден на Арсенал за 63.7 милиони евра.

Профит донесе и Хенрик Микхтаријан. Ерменецот пристигна од Шахтјор за 27.5 милиони евра за потоа во летото 2016 година да биде продаден на Манчестер Јунајтед за сума од 42 милиони евра.

Што да се каже за Осман Дембеле? – Најпрофитабилниот трансфер во клупската историја на „милионерите“. Французинот Борусија го доведе од Рен за 15 милиони евра и за една година на „Сигнал Идуна Парк“ привлече огромно внимание, на крајот го купи Барселона за 125 милиони евра.

Како што изгледа Борусија ќе ја наполни касата и од Џадон Санчо. Младиот Англичанец на Манчестер Сити беше платен 7.8 милиони евра. Денес има 19 години и неговата вредност веќе се проценува над 100 милиони евра.

Последна зделка која на „милионерите“ може да им донесе солидна заработка е Ерлинг Халанд. Халанд во клубот пристигна за 25 милиони евра, има голем потенцијал и останува да видиме како ќе се развива.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

ФИФА објави: Мундијалот во 2030 во шест земји, Саудиска Арабија ќе биде домаќин во 2034 година

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави каде ќе се одржуваат Светските првенства во …