Вчера градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во ТВ дуелот со Владимир Нелоски во еден момент зборуваше за ситуацијата со Вардар (повеќе за ова тука).
„Во овој момент од она што јас го знам фудбалскиот клуб Вардар, односно сопственикот Сергеј Самсоненко е должен над 2 милиони евра. Што неисплатени плати, акотациии…Секој добар совет што ќе значи влез на 2 милиони евра во касата на Вардар јас ќе го прифатам. Ако вие имате начин како да му се помогне на Самсоненко да му се дадат 2 милиони евра да го спасиме Вардар јас сум прв. Еве најдете 2 милиони евра да му помогнеме на Вардар“, одговори Шилегов на прашањето на Нелоски.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
По овој одговор реакција на социјалните мрежи имаше македонскиот репрезентативен голман, Борко Ристовски.