Дома Македонски спорт Мак фудбал Шилегов: Најдете 2 милиони евра да му помогнеме на Вардар (ВИДЕО)

Шилегов: Најдете 2 милиони евра да му помогнеме на Вардар (ВИДЕО)

Вчера во телевизискиот дуел на ТВ 21 помеѓу другото градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и Владимир Нелоски член на ИО на ВМРО-ДПМНЕ помеѓу другото дебатираа и за ситуацијата во Вардар.

Нелоски постави прашање до Шилегов што ќе биде со Вардар, бидејќи Сергеј Самсоненко неодамна официјално соопшти дека го враќа клубот на Град Скопје.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Во овој момент од она што јас го знам Фудбалскиот клуб Вардар, односно сопственикот Сергеј Самсоненко е должен над 2 милиони евра. Што неисплатени плати, аконтациии…Секој добар совет што ќе значи влез на 2 милиони евра во касата на Вардар јас ќе го прифатам. Ако вие имате начин како да му се помогне на Самсоненко да му се дадат 2 милиони евра да го спасиме Вардар јас сум прв. Еве најдете 2 милиони евра да му помогнеме на Вардар“, изјави Шилегов.

Во продолжение Шилегов додаде дека клубот не може да биде вратен на Град Скопје со се долгот, за да се врати мора да биде на салдо 0 како и што го добил Самсоненко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…