Како и што најави тренерот Стевче Алушовски на прес-конференцијата после натпреварот против Монпелје од денес Борко Ристовски стана нов играч на Вардар.
Борко во Вардар доаѓа од Бенфика, а претходно дресот на црвено-црните го носеше на два пати, прво од 2001 до 2003 година, ап отоа од 2010 до 2012 година. Во неговото трето доаѓање во Вардар тој откри дека за помалку пари со цел да му помогне на клубот кој е во тешка финансиска ситуација.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Имав уште година ипол од договорот и се договоривме за договор до крајот на сезоната за финансиски послаба понуда. Добив и други понуди од клубови кои играат во ЛШ, еден од клубовите беше Рајн Некар, сепак го избрав Вардар. Ова е европски шампион со квалитетни играчи и големи борци, тука сум да помогнам во оваа тешка ситуација“:
Борко имал понуда од Вардар уште на почетокот на сезоната.
„Преговарав со Вардар уште кога Парондо беше тренер, но тогаш не се договоривм. Не знам што ќе биде понатаму со Вардар и како ќе се одвиваат работите, во овој момент знам дека ситуацијата лоша. Имам информации дека некои средства се влезени во клубот, меѓутоа не можам да кажам што точно ќе се случува. Како и да е дали ќе биде Самсоненко, Михајло или некој трет Вардар заслужува да постои и понатаму“, изјави Ристовски.