Дома Македонски спорт Мак фудбал Борец остана и без тренер, си замина Горзад Михаилов

Борец остана и без тренер, си замина Горзад Михаилов

После повеќе од три години, Горзад Михајлов го напушти Борец.

Причината е повеќе од јасна, пред неколку дена ФК Борец остана без главниот спонзор на клубот. Бизнисменот Кочо Анѓушев си замина поради несогласувања со општинскиот сојуз и ФФМ.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Заминувањето на Михајлов од Борец е второ, претходно клубот го напушти најдобриот играч, Хрватот Никола Прелчец. Прелчец потпиша за Работнички. Овие заминувања веројатно нема да бидат последни.

Пред да направи трансфер во Борец Михајлов беше дел од стручниот штаб на Ѓоко Хаџиевски во Обединетите Арапски Емирати. Треба да споменеме дека во сезоната 2012/2013 го освои купот со Тетекс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…