Дома Фудбал Италија Бонавентура верува: Милан може да го елиминира Арсенал!

Бонавентура верува: Милан може да го елиминира Арсенал!

Играчот за врска на Милан, Џакомо Бонавентура изјави дека Арсенал има многу силен тим, но верува дека „росонерите“ може да го елиминираат англискиот клуб.

Утре на програмата во Лига Европа е дуелот помеѓу европските гиганти Милан и Арсенал, кои се сретнаа во осминафиналето од ова натпреварување.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Ова е дефинтивно е еден од најубавите дуели во Лига Европа. Сакаме да одиграме добро на првиот меч бидејќи имаме амбиција да одиме понатаму. Нема да биде лесно иако Арсенал поминува низ лош период, бидејќи имаат фантастични играчи. Не се плашиме воопшто, само ги респектираме“, истакна Бонавентура.

„Нема да правиме големи калкулации во првиот меч, иако знаме дека постои реванш. Треба да бидеме перфектни и да покажеме дека сме подобри од нив“, заклучи италијанскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…