Дома Фудбал Останато Бока одбива да игра во Мадрид – го сака трофејот на зелена маса!

Бока одбива да игра во Мадрид – го сака трофејот на зелена маса!

Бока Јуниорс не сака да го игра реваншот од финалето на Копа Либертадорес со Ривер Плата кое е закажано на 9-ти декември во Мадрид.

Раководството на Бока има намера преку суд да побара дисквалификација на Ривер и се додека не добие конечна одлука на сите инстанци нема да игра возвратен дуел.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ривер поради лошата организација на дуелот во Буенос Аирес доби казна од 400.000 долари и два натпревари без публика на „Монументал“.

КОНМЕБОЛ одлучи вториот натпревар од финалето на Копа Либертадорес да се игра во Мадрид на 9-ти декември на стадионот на Реал „Сантијаго Бернабеу“.

Сепак, раководството на Бока не се согласува на ваквата одлука бдејќи сметаат дека треба да го добијат веднаш трофејот поради каменувањето на нивниот автобус, при што беа повредени неколку фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Валенсија посрамотена во Каталонија: Барселона ѝ даде дури шест гола (Видео)

Барселона на импресивен начин ја потврди фаворитската улога во Ла Лига, совладувајќи ја Ва…