Бока мора да продолжи и после тешкиот пораз од најголемиот ривал во финалето на Копа Либертадорес.
После поразот аргентинскиот гигант му додели отказ на тренерот Гиљермо Скелото кој го водеше клубот во последните две ипол години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес клубот и официјално ја претстави неговата замена и тоа во ликот на нивниот поранешен фудбалер Николас Бурдисоо, дефанзивецот кој до неодамна го носеше дресот на Торино.
37 годишниот Бурдисо во кариерата играше за Бока од 1999 до 2004 година, после што премина во Италија каде го носеше дресот на Интер, Рома, Џенова и Торино. За репрезентацијата на Аргентина одигра 49 натпревари и постигна два погодоци.
Бурдисо од денес ќе биде тренер на Бока, а до пред само неколку месеци беше активен фудбалер. Кој знае можеби токму тој ќе биде вистинскиот човек за долгорочно решение на нивната клупа. Ова за Бурдисо е прв тренерски ангажман.