Во рамки на НБА лигата, вчера беше оддржан медија ден, во кој кошаркарите имаа поинакви улоги.
Имено, Боган Богдановиќ мина десетина минути во опуштен разговор, покрај видео игра, со младата новинарка на Кингс, Рејчел Демит.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ја издвои играта пик-ен-рол како нешто во што најмногу се снаоѓа и со што би можел да му помогне на својот тим, зборуваше за разликите помеѓу европската и НБА кошарката, како и тоа зошто дошол во Америка.
„Тимовите повеќе се фокусирани да ја освојат титулата истата сезона, а не да формираат тимови како во НБА лигата. Потполно е поинаков системот. НБА е подобра организација. Се што направив со мојот тим во Турција, го играв и во Србија. Освоив се што можеше да се освои таму и почувствував дека е вистинско време да дојдам. Стекнав многу искуство таму. Играм професионална кошарка од 18 години, додека некои и со 22 не играа“, истакна Богдановиќ.
Но, најинтересниот дел е оној кога Рејчел го запраша кое е неговото омилено благо. Богдан ја спомена баклавата, на српски јазик, што ја заинтригираше водителката, која потоа неколку пати го повторуваше називот на ова познато балканско јадење.
Погледнете на 10:15, како тоа изгледаше.