Дома Македонски спорт Бобан Николов го раскинал договорот – слободен е да бара нов клуб!

Бобан Николов го раскинал договорот – слободен е да бара нов клуб!

Македонскиот фудбалер Бобан Николов одлучил да бара нов клуб откако го раскинал договорот со ФЦСБ, тврди романскиот „Про Спорт“.

Сопственикот на клубот, контроверзниот Џиџи Бекали не сакал да слушне за продолжување на соработката, па двете страни се договориле Николов да го прекине договорот на еден месец пред крајот и сега има право да си бара нов средина.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ваквата ситуација беше и очекувана затоа што Николов подолг период е незадоволен од минутажа која ја добива во клубот, иако му било дадено ветување дека клубот ќе смета на него.

Николов токму поради тоа ветување во јануари одбил трансфер во Шпанија, а сезонава вкупно одигра само 11 натпревари во првенството и два во националниот Куп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Јувентус се вклучи во трката за Шешко

Голгетерот на Лајпциг Бенџамин Шешко беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазаро…