Дома Трансфер зона Бобан негира дека Милан ќе го ангажира Модриќ

Бобан негира дека Милан ќе го ангажира Модриќ

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ минатата година беше избран за најдобар фудбалер во светот, но потоа следуваше пад во неговата игра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Модриќ минатата сезона не блескаше, а така продолжи да игра и оваа година. Веќе на големо се шпекулра дека Модриќ ќе го напушти „Бернабеу“ и дека тоа може да се случи уште во јануари.

Во текот на целото лето Милан се поврзуваше со ангажман на Хрватот, па сега повторно се разгореа шпекулациите во италијанските медиуми за можно доаѓање на Модриќ на „Сан Сиро“.

Меѓутоа, директорот на „росонерите“ и негов сонародник, Звонимир Бобан ги деменатираше таквите наводи на медиумите.

„Не размислувам околу Модриќ, размислувам само на натпреварот против СПАЛ и Лацио. Тоа се многу поважни работи отколку размислување околу приказната за Модриќ која некој што нема работа ја сервираше на фудбалската јавност“, изјави Бобан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…