Дома Трансфер зона Боатенг го советува Баерн: Купете го Хари Кејн

Боатенг го советува Баерн: Купете го Хари Кејн

Долгогодишниот дефанзивец на Баерн Минхен, Жером Боатенг ги советуваше Баварците кого треба да го доведат како замена за Роберт Левандовски.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Боатенг изјави дека не е изненаден од фактот што Левандовски сака да ја промени средината, а на Баерн му порача да го купи Хари Кејн.

„Лично јас би се обидел веднаш да го купам Хари Кејн. Според мене тој е комплетен напаѓач, кој постигнува многу голови за Тотенхем, добар тим но не од светска класа. Ако игра во Баерн би бил уште подобар, мислам дека ќе биде идеална замена за Роберт“, изјави Ботанег.

„Што се однесува за Левандовски мислам дека за играч како него е нормално да сака да проба нешто ново. Не сум изненаден, но сметам дека двете страни треба да се договорат и да донесат одлука“, додаде дефанзивецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…