Човекот кој изминатото лето со младата репрезентација на Македонија настапи на Европското првенство Полска се враќа во тимот на Ашдод каде што настапуваше како играч 0години.
Израелскиот клуб денес го промовираше Милевски како нов тренер. Милевски ќе биде само вториот странец кој бил тренер на овој клуб, пред него тоа беше Џорџ Грегори кој во клубот се задржа девет месеци.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Се враќам во мојот втор дом и среќен сум. Со нетрпение чекам да започнам со работата, знам дека можам добро да го водам овој клуб“, изјави Милевски за клупскиот сајт на Ашдод.
Mилевски како играч за Ашдод настапи на 120 натпревари и постигна три погодоци.