Дома Македонски спорт Битолчанки ќе ги бранат боите на Македонија на Светското првенство Крањ

Битолчанки ќе ги бранат боите на Македонија на Светското првенство Крањ

Битолчанки ќе ги бранат државните бои на Светското првенство.

Пред Светското првенство зборуваше тренерот Игор Михајловски.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„На Светско првенство во куглање до 23 години (од 21 – 26 август 2021, Крањ, Словенија) ќе ја водам македонската женска кугларска репрезентација до 18 години како тренер и селектор.

После период од 10 години, повторно нашите млади кугларски таленти ќе имаат можност на големо натпреварување да ги бранат боите на Македонија. Во период кога КУГЛАРСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА поради долгови е блокирана цела деценија, смогнавме храброст, до степен на лудост, да превземиме ризик и да пријавиме учество само и само во интерес на нашите нови и надежни генерации кои треба да бидат стожар наредните 10-15 години. Прв пат во историјата на македонското куглање, составот на репрезентативките е 100% од Битола.

Благодарам до сите добронамерници кои помогнаа делумно да се реализира овој подвиг, до сите оние куртоазни љубезни одбивања, а посебно до сите оние кои немаа слух и од старт ги одбиваа нашите заложби, а со тоа го пробудија мојот/нашиот спортски инает да успееме, а со тоа и да станеме посилни од претходно“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…