Давид Гаревски и Ташко Илиев ќе ја претставуваат македонската репрезентација на квалификацискиот турнир за пласман на eEURO 2021 година.
Битолчаните беа најуспешни на квалификацискиот турнир кој го организираше Фудбалската федерација на Македонија во соработка со македонската Еспорт федерација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
– Драго ни е што ќе бидеме македонски претставници во главните квалификации за пласман на еЕУРО 2021. На турнирот во Скопје имаше навистина голема конкуренција. Можеби не бевме меѓу главните фаворити, но успеавме да победиме. Заедно играме речиси три години и за нас ова веќе е повеќе од разонода и хоби. Во периодот што следува сигурно повеќе ќе се фокусираме на играта и нашиот напредок и се надеваме дека ќе се претставиме во позитивно светло на квалификациите.
Формацијата која ја избравме и ни донесе резултат е 4-3-3. Димитриевски на голот, во одбраната Муслиу, Зајков, Алиоски и Кире Ристевски, во средниот ред Адеми, Барди и Елмас и во нападот Пандев, Трајковски и Несторовски. Дарко Велковски, Аврамовски и Стојановски влегоа како резерва. Ние сме и менаџери и играчи и во зависност од натпреварите и можноста да користиме одредени фудбалери ја поставуваме формацијата и играта. Иако се ова е виртуелно, се разбира дека е потребно тренирање, односно посветеност.
Главните квалификации ќе се извлекуваат во Лондон на 8. февруари и се надеваме на успех. Благодарност до ФФМ и македонската еспорт федерација за организацијата, велат двајцата информатичари и македонски претставници на валификацискиот турнир за пласман на eEURO 2021 година.