Дома Топ вести Битката започна: Ова се големите ѕвезди на кои им истекува договорот на лето

Битката започна: Ова се големите ѕвезди на кои им истекува договорот на лето

Играчите на кои им истекува договорот претставуваат одлична можност за засилување без плаќање на трансферна сума.

На лето неколку големи ѕвезди ќе бидат без договор, а битката за нивниот потпис веќе започна.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Се чини дека никогаш немало толку големи имиња на кои им истекува договорот како сега, па ќе биде интересно да се види кој ќе излезе како победник за нивните потписи.

Најголема ѕвезда без договор е секако Килијан Мбапе, кој на крајот на сезоната ќе го напушти ПСЖ без обештетување, а се поизвесно е дека кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.

Интересно ќе биде да се види за кој клуб ќе потпишат Пол Погба и Осман Дембеле, кои исто така на лето ќе бидат слободни агенти.

Тука се и ѕвездите на Милан и Јувентус, Франк Кеси и Пауоло Дибала, како и дефанзивецот на Челзи, Андреас Кристенсен.

Од другите големи имиња на лето слободни ќе бидат: Антонио Рудиер, Андреа Белоти, Корентин Толисо, Марсело Брозовиќ, Иско, Герет Бејл, Џеси Лингард, Алесио Ромањоли…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…