Дома Македонски спорт Билетите за натпреварите со Ерменија и Романија по цена од 300 денари

Билетите за натпреварите со Ерменија и Романија по цена од 300 денари

Македонската фудбалска репрезентација на почетокот на следниот месец ги продолжува квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 година.

Нашата најдобра репрезентација на Националната арена „Тодор Проески“ ќе одигра два натпревари. Најпрвин се соочуваме со Ерменија на 2. септември, а на 8. септември ја пречекуваме Романија. 


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа утврдени цените на билетите за двата домашни натпревари на македонската А репрезентација.

Цената на влезница изнесува 300 денари за натпревар.

Капацитетот на Националната арена „Тодор Проески“ е ограничен согласно мерките утврдени за заштита од коронавирусот и протоколот на УЕФА за присуство на гледачи на трибините.

МАКЕДОНИЈА – ЕРМЕНИЈА

Скопје, Национална арена „Тодор Проески“, 02. септември 2021., 20:45 часот

Влезници по цена од 300 денари преку продажната мрежа на MKTickets

МАКЕДОНИЈА – РОМАНИЈА

Скопје, Национална арена „Тодор Проески“, 08. септември 2021., 20:45 часот

Влезници по цена од 300 денари преку продажната мрежа на MKTickets

Согласно официјалната одлука на Владата на натпреаврите е дозволено присуство единствено со приложување на еден од следните документи:

– Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот Ковид-19, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест

– Сертификат/потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Не се однесува на лица под 18 годишна возраст. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…